Животно осигурување

Објавено во: Осигурување  | Читања

(6340)

Веројатно не постои аспект на човечкиот живот кој е толку индивидуален како изборот на начинот на штедење. Иако за повеќето штедачи значаен е принципот на минимален ризик, односно „распоредување на јајцата во повеќе кошници“, сепак изборот на „кошници“ е прашање на индивидуална преференција како и специфичната ситуација во која секој од нас се наоѓа. Моментално ни се на располагање многубројни видови на вложување и штедење, кои со влезот на Македонија во ЕУ ќе бидат уште повеќе. Некои од нив бараат да имате одредено знаење и упатеност во случувањата (вложување во акции), додека други се наменети за оние кои ги привлекува сигурноста повеќе од приносот (разни видови на штедење). И каде е тука местото на полисата за  животно осигурување кое станува сè повеќе популарно во земјава?

Па ајде вака:
Кој инвестиционен фонд ќе продолжи да уплаќа премии до истекот на осигурениот период и ќе ми ја исплати вкупно договорената сума ако не дај боже се случи трајно да бидам спречен да работам. Кои акции ќе го платат однапред договорениот износ, ако се разболам од една од 10 најчести болести на мојата генерација?

Да се вратиме назад на тоа што всушност е животното осигурување: тоа претставува своевидна „кладба“ помеѓу вас и осигурителното друштво, каде што осигурителното друштво се „клади“ дека ќе го доживеете датумот на истекот на осигурувањето, а вие на некој начин се осигурувате да тоа не биде така.

Во динамичното опкружување во кое живееме, во услови на борба за сопствена егзистенција и обезбедување на подобар живот за своите најблиски, нема граѓанин кој не мисли на себе, својата иднина и иднината на своето семејство, а да нема осигурување на живот. Договорот помеѓу вас и осигурителното друштво пластично би изгледал вака: Пресметувате колку можете месечно/квартално/годишно да издвојувате во животното осигурување (или колку вкупно пари сакате да имате на крајот на посакуваниот период на осигурување, обично помеѓу 20 и 30 години).  На пример одлучувате да уплатувате по 2000 денари секои месец дена во текот на 20 години. Вкупниот осигурен  износ, на кој после 20 години  ќе се пресмета добивка е 187500 денари. Тоа е вашата заштеда!

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

2 Коментари на “Животно осигурување”

  1. Slavco on ноември 19th, 2010 13:09

    Pocituvani!

    Moram da vi kazam deka ne se soglasuvam so onaa sto ste go napisale vo eden del od vasiot artikl.
    “Да се вратиме назад на тоа што всушност е животното осигурување: тоа претставува своевидна „кладба“ помеѓу вас и осигурителното друштво, каде што осигурителното друштво се „клади“ дека ќе го доживеете датумот на истекот на осигурувањето, а вие на некој начин се осигурувате да тоа не биде така.”
    Jas bi rekol vaka. Jas bi bil sreken ako ja dozivema starosta, i da mozam parite sto sum gi stavil na moeto zivotno osiguruvanje da gi dobijam nazad (so kamata) i upotrebam posle mojata penzija, za bilo kakvi potrebi, a voedno za celiot toj period dodeka gi stedam parite, znam deka sum zastiten od nesakani raboti (kako na pr. Invalidnost, ili bolest sto ke napravi da nemozam poveke da rabotam).
    Zivotnoto osiguruvanje za mene ne e kladba, tuku sigurnost za mojot zivot do mojata penziska starost.

    So pocit!

  2. filiptrifunovski on ноември 29th, 2010 11:22

    Јас морам да Ви кажам дека сте во право, меѓутоа и јас сум, затоа што тоа што го напишавте го има истото значење со мојот текст, разликата е во тоа како е напишано.

    Со почит!

Одговори




  • април 2010
    П В С T П С С
    « Мар   Мај »
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    2627282930