Научи како секогаш да имаш полн џеб!

Аплицирај за учество на обуката ТУКА!

Веќе кога зборуваме за тоа дека е подобро да се инвестира отколку да се троши, верувам увидовте дека е потребно да се фокусираме повеќе на инвестирањето. Дефинитивно е познато дека од инвестирањето се очекува некаков принос или употребна вредност. Зошто би инвестирале инаку!? Па ајде тогаш во неколку последователни написи во оваа категорија да ги разгледаме начините на инвестирање.

Живееме во динамично време, време во кое немаме многу време. Баш така. Дали и времето е ограничен ресурс? Интересно е за размислување особено ако се надоврзете на добрата изрека „времето значи пари“…

Разгледувајќи ја ситуацијата во нашата држава, физичките лица многу тешко се решаваат за инвестирање. Сè повеќе се приврзани за традиционалното штедење во банка. Причините можеме да ги набројуваме и набројуваме, но главната причина на прво место за ваквата ситуација е недоволната едукација на луѓето за тоа што добиваат со инвестирање. Би го споменал и моментот со не размислувањето за сопствената иднина, односно за сопственото време. И така годините си поминуваат, платите си се трошат, ништо не останува…

Ајде да направиме нешто, за да стекнеме нешто.

Ако почнете да ги применувате оние работи што претходно ги напоменав во делот за управување со домашен буџет, сигурен сум дека ви остана некоја илјадарка минатиов месец. Ако е така, тогаш и овој месец ќе биде исто – нова илјадарка. Вие веќе имате две илјадарки. Размислувате дека и нареден месец повторно ќе имате нова илјадарка. Полека имате малку пари, она што во светот на финансиите се нарекува почетен капитал. Тој почетен капитал имате можност да го инвестирате во различни облици: акции, обврзници, удели во инвестициони фондови…

Како да го направите тоа?

Иако одлуката за инвестирање следи после многу комплексна работа и анализи, ќе се обидам едноставно да ви објаснам како функционираат работите. Согласно законските регулативи, за да купувате на берза потребно е да ангажирате брокер. Брокерите на берзата тргуваат со хартиите од вредност. Значи вие можете да одредите некоја брокерска куќа и да дадете налог за купување на одредена хартија од вредност за која вие сметате дека ќе ви донесе профит. Или да побарате совет од некој инвестицинонен советник кој ќе ви даде одговор каде да инвестирате. Ако располагате со помал износ на пари, можете да отворите и индивидуална инвестициона сметка и месечно да уплаќате пари во инвестициониот фонд. Инвестиционите фондови имаат за цел да ги соберат слободните пари од граѓаните, нормално доброволно, и да ги пласираат во хартии од вредност со цел да креираат приноси. Значи тие се драгоцени институции кои ги пласираат нашите пари онаму каде што веруваат дека ќе остварат раст.

Секој индивидуален инвеститор има свое сопствено гледање кон ризикот. Некој е спремен да ризикува многу, затоа и очекува приносот да биде висок. Друг инвеститор сака да вложи во државни обврзници, затоа што знае дека кај нив ризикот е најмал, а сепак се остварува некое задоволително ниво на принос. Сè се сведува на инвеститорите и нивната преференција кон  ризикот…

  • мај 2010
    П В С T П С С
    « Апр   Јун »
     12
    3456789
    10111213141516
    17181920212223
    24252627282930
    31