Некои експерт за управување со личните финансии ги советуваат своите клиенти воопшто да не се задолжуваат, но тие најверојатно никогаш не се соочиле со перспективата да живеат со родителите до педесеттите или со можноста, секое утро во својата чаша во бањата да ги пронаоѓаат вилиците на еден од родителите на нивниот брачен другар.
Некои ситуации во животот едноставно нѐ соочуваат со потребата да подигнеме кредит или да се задолжиме на некој друг начин, но притоа треба да се разликуваат ситуациите во кои задолжувањето е неопходно, од ситуациите во кои не е потребно задолжување.
А откако ќе одговотиме на прашањето дали треба да се задолжиме или не, треба да видиме дали, без оглед на нашите потреби, можеме да си го дозволиме трошокот за отплата на кредитот и тоа секој месец, во текот на многу години.
Податоците од јануари 2010 година зборуваат дека граѓаните на Македонија вкупно должат 61.453 милиони денари, што значи дека секој жител должи по 29.800 денари. Во овој износ влегуваат задолжувањата за потрошувачки кредити, станбени кредити, автомобилски кредити, кредити преку кредитни картички, негативни салда на трансакционата сметка, други видови на кредити и пресметана камата. Кога оваа задолженост ќе се подели со бројот на вработени и невработени лица, тогаш износот е доста загрижувачки.
Всушност, некако ни се чини дека има нешто погрешно во размислувањата на луѓето во Република Македонија, кои се навикнале да плаќаат трошоци за повисок животен стандард преку задолжување во банките, преку кредитни картички, а во екстремни случаи и преку задолжување кај лихвари. Иако, некому ќе му изгледа дека е несериозно да се спомнуваат лихварите во статија за лични финансии, примерите од практиката, како и во случаите со кои се имам сретнато, говорат поинаку, па во понатамошниот текст ке посветиме неколку реда и на таа тема.

Научи како секогаш да имаш полн џеб!

Аплицирај за учество на обуката ТУКА!

Објавено во: Uncategorized | Коментирај | Читања

(217)

“На граѓаните на ЕУ треба отворено да им се каже дека повеќе неможат да живеат со задолжување на кредитни картички. Кога преземаме реформи, мора да се стави крај на културата на живеење на кредитна картичка со позајмени пари”,  Јержи Бузек – претседател на Европскиот парламент

Почетната точка на созревањето е сознавањето дека “Никој нема да дојде да не спаси”. Се што си или што ќе бидеш, зависи само од тебе.

Овој живот не е проба за ништо друго. Ова е вистинското нешто. Играта е почната. Времето поминува брзо, и сите твои одлуки и неодлуки, акции и неакции, го креираат животот кој го живееш во оваа минута. Ако сакаш работите да бидат поинакви во иднина, треба на поинаков начин да ги вршиш работите во сегашноста. Ти треба да превземеш целосна контрола над себеси и над својот живот и да почнеш да ги менуваш сам работите, поради тоа што тие сами нема да се променат.

Само-управувањето пред се е лично управување, управување со времето и управување со животот.

Тоа ги поставува твоите раце цврсто на воланот на твојот живот и потоа те води во правец кој ти си го одбрал. Потсети се на старата поговорка од Конфучие: “Ако не си го промениш патот по кој одиш, тој ќе те одведе во правецот кој ти си го одбрал.” Секој успешен маж или жена во светот во одреден период имаат заземено цврст став за тоа каде сакаат да одат и потоа превземале сериозни чекори за да стигнат таму. Ова можеш и ти да го направиш за себеси.

Една од најкорисните идеи од која сум научил е да се гледам себеси како “пакет од ресурси”. Можеш да имаш корист од оваа идеа доколку се погледнеш себеси во смисла што си ти, а не што работиш. Ние тежнееме да се дефинираме себеси по својата работа, се дефинираме по она на кое го трошиме поголемиот дел од сегашниот момент. Кога се среќаваме со некого, дури и на автобуска станица, ние се опишуваме себеси во однос на својата работа.

Ние кажуваме работи како “Јас сум продавач”,” Јас сум менаџер”, ”Јас се занимавам со таков-и-таков бизнис и работам таква-и-таква работа”. Бидејќи тежнееме да станеме она на кое мислиме, и ако се повеќе се опишуваме себеси на другите како работата што ја работиме, ние навистина ќе станеме “работата што ја работиме”. Претпоставувам дека поради тоа и луѓето кои се отпуштени поминуваат низ период на шок и емоционални превирања, тешко им е бидејќи се чувствуваат како да се отсечени од својот идентитет.

Фактот е дека ти не си тоа што го работиш. Наместо тоа, ти си “пакет на ресурси”. Ти ја имаш комбинацијата на состојки што те прави уникатно и извонредно човечко суштество, различен од секој кој до сега живеел или некогаш ќе живее. Ти си поминал низ широк спектар на искуства, и позитивни и негативни. Ти си имал формална едукација, и си учел од различните работи  и активности во кои си бил вклучен низ животот. Ти имаш уникатна интелегенција, која во поголемиот дел не е целосно развиена. Имате вештини кои сте ги стекнале преку напорна работа, дисциплина и тренинг.

Ти имаш способности со кои си роден, и кои ти олеснуваат правење на одредени работи и извршување на одредени задачи. Ти имаш енергија и амбиција и цели и можности. Во светот постојат повеќе од 22,000 различни работни категории; кога ќе ги соединиш сите твои способности, веројатно ќе бидеш способен да се надградуваш во повеќе области, да извршуваш повеќе работи во различни организации, бизниси и индустрии.

Никогаш не е доцна да се започне со промени. Можеби сега е вистинскиот момент да почнеш да размислуваш за промени кои ќе ти го подобрат животот!

  • јуни 2010
    П В С T П С С
    « Мај   Јул »
     123456
    78910111213
    14151617181920
    21222324252627
    282930