Во екот на летната сезона, расте интересот за потрошувачките кредити. Банкарите велат дека граѓаните најмногу бараат кредити за да одат на летување. Податоците покажуваат дека  дури половина од кредитите кои ги зеле од банка се по основ на кредитини картички и минус на картички.   – извор:   бизнис магазин “Капитал” бр.560       

Нешто за Лизинг

Објавено во: Кредити | Коментирај | Читања

(272)

Лизингот првенствено е наменет за правните и физичките лица што обавуваат некоја слободна професија (адвокати, слободни уметници, итн.). Ако спаѓате во оваа категорија, верувам дека ќе најдете некои интересни предности за купување, на пример, нов автомобил токму со овој начин на финансирање.

   Има два основни вида на лизинг, а тоа се оперативен и финансиски лизинг. Кај оперативниот лизинг, основната смисла е користење на предметот на лизинг без стекнување на сопственост, враќање на предметот по договорениот период на користење и евентуално земање на нов. Доколку имате фабрика, месечната закупнина влегува во трошокот, а ДДВ во основицата пред одданочувањето.

   Во принцип кај оперативниот лизинг не можете да го откупите предметот на лизинг, па за негово користење морате да оставите одредена гаранција (најчесто 20%).

Кај финансискиот лизинг, целта е користење, но и стекнување на сопственост над предметот на лизинг. Во трошокот влегува само дел од отплатата (каматата), а ДДВ на каматата влегува во основицата пред одданочувањето. Со договорот за финансиски лизинг, во основа е предвиден и откуп на предметот на лизинг. Како и кај финансискиот лизинг, вообичаено е плаќање на аконтација во одреден процент од вредноста на предметот на лизинг.

 

  Лихварството како појава во нашите краишта се раширило кон крајот на 90 – тите години, кога условите за добивање кредит во банките биле особено строги. Тогаш се создала специфична финансиска елита која им позајмува пари не само на обичните луѓе, туку и на малите и на средните претпријатија, со астрономска каматна стапка. Можеби авторот на овие редови никогаш, во книга од ваков вид, не би зборувал на оваа тема, доколку и самиот често не се среќавал со многу луѓе кои во некои моменти од животот сакале да се задолжат кај лихвари. Причините за такво нешто се различни од личност до личност, а ова се само некои од примерите:

  1. „Нема врска што се задолжувам, и така и така брзо ќе го вратам тој долг, на овој или на оној начин“.
  2. „Наскоро очекувам значителна сума пари, па таквото задолжување нема да биде проблем“.
  3. „Позајмените пари имам намера да ги вложам во бизнис, па од заработката ќе го отплаќам долгот“.
  4. „Толку сум задолжен по разни банки, па ми е непријатно кога ми ѕвонат на мобилен за да го наплатат тој долг. Срамот е толку голем што подобро ќе се задолжам кај лихвари, без оглед на тоа што ќе се случи“.

На нивните „уверливи“ причини би им одговорил на следниот начин:

  1. Ако толку бргу го вратите наведениот долг, немојте дополнително да се задолжувате, зашто, што ќе се случи ако нешто тргне на лошо? Тогаш нема само да ви се заканува судско извршување, туку и директна закана за физичко насилство, не само вам, туку и на целото семејство. Да не зборуваме за тоа дека каматите кај лихварите се движат по правило од 3% – 15% МЕСЕЧНО.
  2. Ако наскоро очекувате значителна сума пари, немојте да се задолжувате. Само во случај на смртна болест, човек неможе да причека некое време со задолжувањето. Едноставно, продолжете да живеете онака како што сте живееле и досега.
  3. Каматните стапки кај лихварите се движат од 36% – 180% годишно; речиси и не постои легален бизнис со кој човек би можел да се збогати толку во рок од една година. Кога би имало таков бизнис, некој веќе би се сетил на тоа пред вас. Освен тоа, ако идејата за бизнис ви е толку добра, не би требало да биде проблем да се пронајде инвеститор што ќе стои финансиски зад вашата идеја.
  4. Многу е полошо да се биде должен кај лихварите, отколку во банка. Во најлош случај банката ќе ви заплени дел од вашиот имот, а лихварите ќе ви нанесат физички повреди и ќе го запленат целиот ваш имот до кој може да се дофатат.

Како заклучок на оваа тема може да напишеме дека – НИКОГАШ, од било кои причини, немојте да се задолжувате кај лихвари. Ако имате парични проблеми, поразговарајте со некого, со финансиски професионалци, членови на семејството, пријатели … Перспективата на проблемот во кој се наоѓате, честопати, се менува ако се гледа со очите на други луѓе.

Сите ние сакаме да бидеме богати. И иако старата добра изрека не учи дека ”Среќата со пари не се купува”, а истражувањaта во психологијата покажуваат дека над одреден минимум, материјалното богатство има незначително влијание на личното задоволство и привлечноста на парите во друштвото на човекот останува константна.

Додека околу себе ја гледаме грозницата од купување на акции на Алкалоид, тешко е а да не помислиме на огромниот број на приказни за хероите на пазарот на хартии од вредност, кои се обични луѓе и кои се збогатиле купувајќи акции од Комерцијална банка и Макпетрол. Ако можат они, зашто не и вие? Нормално, во истиот тој момент неможе да ни текне на оние не толку сјајни приказни, каде луѓето кои сакале да испаднат херои, изгубиле голема количина на пари во разните превари кои во минатото беа многу присутни на нашето подрачје. Навидум, легални и кредибилни на почетокот, финансискиот инжинеринг и пирамидалниот принцип веднаш ми паѓаат на ум.

Овие приказни имаат многу различни точки. Од најбитните сигурно е онаа дека е легален економски начин да се оствари профит, а другата, дека е паметно дизајнирана превара. И двете апелираат на желбата кај луѓето да се збогатат преку ноќ и да заработат пари на лесен и безболен начин.
Има една интересна теорија во психологијата, “теорија на внатрешни и инстинктивни влијанија (Lowenstein, 1996)” која ја објаснува нашата жед за лесни пари. Во оваа теорија се истакнуваат четири значајни фактори кој се поврзани со човечкото однесување:

  • Првиот е дека луѓето го насочуваат своето внимание кон активности кои ќе задоволат некоја нивна одредена внатрешна потреба. Гладните луѓе сакаат да дојдат до храна, луѓето кои чувствуваат физичка болка сакаат да дојдат до таблета, а сиромашните луѓе сакаат да се збогатат.
  • Вториот фактор е дека луѓето со својата желба да задоволат некоја внатрешна потреба, постапуваат на начин кој е без никаква реална проценка: колку е потребата појака, толку проценката е послаба.
  • Третиот не учи дека, кога имаме голема желба да задоволиме некоја внатрешна потреба, одлуките поврзани со нив ги донесуваме инстинктивно и чувствително.
  • И конечно, четвртиот фактор ни покажува дека потребите за кои зборува оваа теорија, имаат тенденција да бидат моментални и често престануваат да бидат потреба после некое време.

Ако ги поставиме овие фактори заедно, добиваме една вознемирувачка слика, но и насока како да се избориме против негативните однесувања. Теоријата ни кажува дека луѓето кои немаат пари, највеќе сакаат да стигнат до нив. И нормално со желбата да се збогатат, они ќе превземат нереални  и непромислени чекори и многу веројатно ќе го слушаат својот инстинкт а не својот мозок. Конечно, желбата многу брзо ке помине, а последиците од нејзиното делување ќе останат.

Обуката ќе се одржи од 22-24 септември, со почеток од 17-20:30 часот !


Ве молиме учеството на обуката да го пријавите пополнувајќи го ПРАШАЛНИКОТ

Цел на обуката е вработените учесници да се стекнат со основни знаења за управувањето со личните финансии, како и знаења за тоа како правилно да ги планираат трошоците и да управуваат со нив, односно како свесно да се заштитат од презадолженост.

Профил на учесниците:

Пожелно е учесниците да се во работен однос или да остваруваат приход по било каков основ(рента, хонорарна работа и сл.)

Ве молиме Вашето учество да го пријавите најдоцна до недела, 19.09.2010
Потврда за учеството на обуката и агендата ќе Ви бидат испратени по електронски пат по завршувањето на рокот за пријавување и селекција на кандидатите.

Обуката е бесплатна!

Напишал: Ненад Маљковиќ

Многу честа појава кај презадолжените луѓе е тоа што немаат преглед над своите долгови. Поради проблемите и стресот на кои се изложени, луѓето често престануваат да ја пратат својата финансиска ситуација, живеат од ден за ден и ги отплаќаат долговите како знаат и можат и сето тоа без да си ја проверат својата финансиска состојба.
Па затоа еден од првите чекори кој советникот за финансии ќе ги направи со својот клиент е заедничкото составување попис на долгови. Нормално, тоа може секој сам за себе да го направи и без советник. Тој попис треба да содржи:

1. Назив на доверителот, односно фирма или личност на која и должите
2. Вкупен износ на преостанатиот долг
3. Износ на минималната месечна рата за отплата

Овој попис ќе ви послужи за пресметка на вкупниот месечен износ кој ви е потребен за отпалта на долговите. На тој попис треба да ги ставите сите долгови освен станбениот кредит, кој, со оглед на тоа дека се работи за покрив над глава, го вбројуваме во минимални месечни животни трошоци и му даваме најголем приоритет.

Потоа следи споредба на вкупните месечни приходи со минималните месечни трошоци, односно месечен или годишен буџет. За потребите на овој текст ќе претпоставиме дека семејството остварува месечни приходи кои се доволни за подмирување на месечните трошоци и за отплата на долговите. Како да отплатите се во што пократок рок, како да се ослободите од сите долгови и како целиот тој приход кој сте го трошеле за отплата да го насочите кон штедење или инвестирање?
Методата која најчесто ја препорачуваат финансиските советници се нарекува “должничка грутка снег”(eng. Debt Snowball). Нејзината примена не е магија, таа се темели – како и повеќето работи во животот на цврст став, упорност и дисциплина, како во управувањето со расположливите средства, така и во водењето на потребната евиденција.
Нормално, оние кои се служат со компјутер, можат својата евиденција да ја водат на истиот, дали во вид на компјутерски таблици или преку посебни програми кои можат да се најдат на интернет бесплатно и во комерцијални верзии (на англиски јазик).
Од практични причини, следува објаснување за евиденција која се води на лист во бележникот или на било кое друго видливо место
Прво е потребно да се направи таблица со четири стапки:

1. Назив или име на доверителот
2. Износ на преостанатиот долг
3. Износ на минималните месечни рати
4. Износ на преостанатиот долг.

На врвот на таблицата ќе го напишете месецот и годината кога сте почнале да ги отплаќате долговите по овој метод. Во таа таблица ќе ги поредите сите долгови од најмалиот до најголемиот. Таблицата можете, на пример, да ја направите на голем лист кој ќе го поставите на ѕид или на фрижидер. Ќе ви биде на видливо место и ќе можете од месец во месец да го пратите својот напредок и приближувањето до својата слобода од долгови.

                         Должничка грутка снег

       Месец и година на почетокот на отплатата: __________________

               Доверител          Долг          Месечна рата      Преостанат долг

  1.  
  2.  

Во правата ставка со пенкало ќе го запишете називот на доверителот, а во втората и третата со молив (за да можете да бришете со гума) ќе го запишете вкупниот износ на преостанатиот долг и износот на минималната рата за секој доверител. Најпрво, долгот со најмал износ ќе го ставите во првата ставка и потоа следуваат оние со поголем износ и така се до најголемиот износ, Доколку имате неколку долгови со ист износ, на прво место ќе го ставите оној со поголема камата или со помала месечна рата. Четвртата ставка на почетокот е еднаква со втората, но таму износот го менувате од месец во месец. На дното на пописот можете да ги соберете сите долгови и сите месечни рати и на тој начин да имате јасни податоци за вкупната ваша задолженост и износот кој ви е потребен секој месец за отплата на долговите.
Секој месец, кога ќе ги примите парите кои ви се потребни за редовните месечни животни трошоци и за отплата на долговите, без одложување да ги исплатите сите минимални месечни рати од долговите на пописот. Но… за долгот кој е на врвот на таблицата треба да настојувате покрај минималната месечна рата да додавате некој износ кој би го добиле од продажба на нешто кое повеќе не ви треба или сл. На тој начин ќе ја забрзате отплатата на оној најмалиот долг кој е на врвот од таблицата и најверојатно ќе го исплатите пред рокот. Секој месец, откако ќе ги исплатите сите минимални месечни рати за долговите од пописот, во својата евиденција ќе ја запишете новата состојба.
Сега, откако го исплативте првиот најмал долг, во третата ставка покрај него новиот износ на ратата – 0,00 а во четвртата ставка го запишувате преостанатиот долг кој изнесува 0,00! Целиот тој ред ќе го прецртате со маркер. Тоа е првиот успех кој треба да го прославите! Од следниот месец ќе имате еден долг помалку, една месечна рата помалку! Но тоа не значи дека за отплата на долговите ќе почнете да издвојувате помалку пари. Се додека не ги исплатите сите долгови, вие треба да издвојувате најмногу што можете од вашиот буџет.
Значи, откако ќе го исплатите првиот долг од листата, истиот тој месечен износ кој сте го одвојувале сега ќе го додадете на следниот долг и така се додека не ги отплатите сите долгови – исто како грутка снег која се тркала по снежна удолнина, од каде што потекнува името на оваа метода. Со тоа се повеќе ја забрзуваме исплатата на долговите.
И така продолжувате од месец во месец, упорно и дисциплинирано, се додека не ги исплатиме сите долгови, па потоа ќе можете истиот тој износ да го насочите кон штедење (на пример за пензија или школување на детето) или во инвестирање (во некој облик на животно осигурување или инвестициски фонд).
Нормално, отплатата на долговите на овој начин подразбира и забрана за нови задолжувања. И за тој чекор е потребна силна волја и дисциплина. Освен тоа, добро би било и водењето на семеен буџет – на хартија или на компјутер.

Обуката ќе се одржи од 21 до 23 Јули, со почеток од 17-20:30 часот !


Ве молиме учеството на обуката да го пријавите пополнувајќи го ПРАШАЛНИКОТ

Обуката ќе се одржи во просториите на ГЕМ-клубот (Стара чаршија, поранешна “МЕНАДА”)

Цел на обуката е вработените учесници да се стекнат со основни знаења за управувањето со личните финансии, како и знаења за тоа како правилно да ги планираат трошоците и да управуваат со нив, односно како свесно да се заштитат од презадолженост.

Профил на учесниците:

Пожелно е учесниците да се во работен однос или да остваруваат приход по било каков основ(рента, хонорарна работа и сл.)

Ве молиме Вашето учество да го пријавите најдоцна до понеделник, 19.07.2010
Потврда за учеството на обуката и агендата ќе Ви бидат испратени по електронски пат по завршувањето на рокот за пријавување и селекција на кандидатите.

Обуката е бесплатна!

  • јули 2010
    П В С T П С С
    « Јун   Авг »
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031