Влезот во Европската Унија им носи многу предности на земјите – членки, а една од нив се состои во тоа дека земјата се чувствува посигурна кога некој ќе и позајми пари. Тоа значи не само дека државата може поевтино да се задолжува во странство, туку дека тоа можат поевтино  да го прават и банките во таа земја. А ако банките можат поевтино да се задолжуваат на странските пазари, тогаш можат и да им даваат кредити на своите штедачи по пониски каматни стапки.

Ако земјата – членка се одлучи и на тоа да го воведе еврото како службена валута на својата земја, тоа носи и нови предности. Од една страна, граѓаните заштедуваат на менувачките провизии, бидејќи голем број луѓе од овие простори се навикнати да вложуваат дел од парите во евра, а од друга страна, заштедите се остваруваат и при кој било вид на плаќање или примање на уплати од странство.

Секако, со воведувањето на еврото како официјална валута, ќе се намали и ризикот од инфлација бидејќи еврото е една од најстабилните светски валути.

Во Европската Унија е познат поимот  SEPA (Single European Payments Area – единствено европско подрачје на плаќање ) кој означува иницијатива за создавање на заедничка европска финансиска инфраструктура и вклучува креирање на зона во која сите плаќања ќе се сметаат како плаќања во земјата. Тоа значи дека, во случај на воведување на еврото како официјална валута од страна на Република Македонија, за сите плаќања и работи што се изведуаат во единственото европско подрачје на плаќање, треба да има само една банкарска сметка. Тука се работи за многу крупен чекор кој би требало да им донесе голема заштеда не само на компаниите, туку и на обичните граѓани.

Воведувањето на еврото како официјална валута, сепак има и своја темна страна бидејќи трговците често го користат како изговор за неоправдано подигање ан цените на своите производи. Но, Европската Унија се бори и против таквата практика. Според студијата на Германската централна банка, компаниите во такви случаеви, често ги зголемувале цените на своите производи, но потрошувачите одбивале да ги купуваат во количини како претходно. За зголемувањето на цените на производите и услугите со воведувањето на еврото како официјална валута во некоја земја, постоеле три причини. Една причина била трошокот за премин на работење со нова валута. Другата причина била заокружување на цените на поголемиот износ, за тие да изгледаат маркетиншки поатрактивни. Третата причина била наједноставна – обид што повеќе да се ограбат потрошувачите.

Спротивно на некои очекувања, воведувањето на еврото за неоправдано покачување на цените најчесто го користеле рестораните и кафе – баровите, но и сервисерите на автомобили, фризерските салони, водоинсталатерите и сличните професии, а не големите компании.

Практиката за неоправдано подигнување на цените поради воведувањето на еврото не поминува така лесно, а за тоа ни говори примерот на еден кафе – бар во Италија, кој ги зголемил цените за една третина, па за казна морал да им плати надоместок на своите посетители.

Начинот на пресметка на нето платата, според новиот концепт на бруто плата, е следен:

1. Цела (бруто) плата;

2. Придонеси од задолжително социјално осигурување;

2 .1 – Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (19%);

2 .2 – Придонес за здравствено осигурување (7,5%);

2 .3 – Придонес за осигурување во случај на невработеност (1,4%);

2 .4 – Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигрување во случај на повреда на работа и професионално заболување (0,5%);

3. Вкупен износ на придонеси од задолжително социјално осигурување (2.1 + 2.2 + 2.3 + 2.4);

4. Основица за пресметка на персонален данок од плата (1 – 3 – 4.1);

4 .1 – Износ на месечно лично ослободување од персонален данок на доход ( фиксно 7000);

5. Износ на персонален данок од плата (10%);

6. Чиста плата (нето плата што ја добива работникот + хранарина и превоз);

  • август 2010
    П В С T П С С
    « Јул   Сеп »
     1
    2345678
    9101112131415
    16171819202122
    23242526272829
    3031