Неверојатно е колку луѓе во последно време ми се жалат затоа што неможат да најдат “работа по струка”. Што уствари значи струка? Дека неколку години сте потрошиле на учење на некои работи и на тој начин сте се припремале за светот на возрасните? И тоа во периодот од 18-22та година од животот, кога немате поим од животот и најбитно ви е излегување и зезање. И што сега?  Треба ли да се жигосате за цел живот со вашата “струка”? Струка која сте ја одбрале случајно (или полунамерно) затоа што сите од вашето друштво се запишале на тој факултет или затоа што вашите родители ве натерале? Ма дајте ви се молам.
Баталете ја таа струка ако неможете со неа да најдете работа. Дали сте чуле за изразот доживотно учење? Ова го зборуваат веќе 20 години. Се работи за тоа дека вие постојано учите и освојувате нови знаења и вештини. Го нема тоа, завршив факултет и сега тоа е тоа.

Навистина се чудам што денес уште има луѓе кои мислат дека ќе завршат факултет, ќе се вработат “по струка” и потоа ќе ги фрлат книгите во ѓубре и никогаш повеќе нема ништо ново да научат затоа што ете сега имаат работа. По струка. Завршив факултет 1998 и тогаш веќе беше јасно дека така не оди (најверојатно и од поодамна само што јас неможам со сигурност да тврдам затоа што тогаш јас не сум бил во тоа).

И баш поради тоа “цмиздрење” на младиве а и на оние постарите јас сум изнервиран затоа што не сваќам како они не сваќаат. Или можеби јас не сваќам дека струката е “Господи дека ако тоа и тоа си завршил, има тоа и да го работиш до крајот на животот? Или уште подобро: ДРЖАВАТА би требало да ти осигура тебе кој си завршил медицина да те вработи и да ти обезбеди висока и редовна плата (со извинување до медицинарите, сепак морав некој да го напишам)

Има луѓе кои се навистина заљубени во историјата и сакале тоа да студираат. Но не размислувале што би работеле потоа. Еве и јас сакав психологија (и уште ја сакам) но кога сватив дека по завршување на факултетот јас би можел да работам само како професор во средно школо, веднаш ја отргнав таа идеа од глава. Тогаш немаше голема побарувачка за психолози, а денес како психолог можете да работите секаде, а можете и да “цмиздрите” за тоа дека не се наоѓа работа. По струка.

Имате 2 опции:
1) променете ја струката, не е тоа нешто изрезбано во ѕидот за цел живот. Жал ви е за изгубеното време? Баш тоа сакате да работите? Пораснете и најдете си хоби. Повеќе време сте изгубиле покрај телевизорот или во играње игрици на компјутерот па никому ништо.

2) терајте си по струката (на хартија), но образувајте се и за работите кои се и те како потребни. На пример некоја работа за која некои луѓе плаќаат други луѓе за да ја работат, и плус и добро плаќаат. Меѓутоа јас не ви зборувам да не си го следите срцето и да се продавате за пари. Баш напротив. Работете го она што го сакате, но нека биде добро платена работа. Или во крајна линија почнете со некој бизнис по ваша струка. Глупаво е сите да се запишуваат за програмери затоа што тие биле добро платени, Bullshit. Има програмери кои немаат за живот исто како и професори по историја. Никогаш немало, а нема ни да има за сите работа по струка.

Која опција и да ја изберете: вложете во себе. Учете, образувајте се на различни теми, читајте книги, сурфајте на интернет, истражувајте. Денеска има толку многу начини за заработка, па дури е и едноставно глупо да не се искористи тоа. Само немојте да плачете за работа “по струка” затоа што ке работите 3-4 различни работи пред да стигнете до заслужена пензија, а можеби и повеќе. Јас до сега сум променил 4 и планирам барем уште толку да променам

Најдете си работа која сакате да ја работите (и која е добро платена). Најлеснои е тоа да го направите така што ќе се понудите да волонтирате (бесплатна работа) во некоја фирма. Научете ја работата, стекнете искуство во тоа што сакате да го работите и тоа е тоа.

Повеќето граѓани не знаат што е кредит

Македонските граѓани се задолжени над можностите и очајнички бараат излез од таа ситуација, а тоа е резултат на ниското ниво на финансиска писменост. На тоа, меѓу другото, се должи и огромната сума невратени кредити и реализирани хипотеки. Вакви сознанија има невладината организација Институт Отворено општество која веќе шест месеци ги обучува граѓаните како да ги управуваат своите финансии. Поконкретна слика за тоа како работат со своите пари и како се задолжуваат македонските семејства ќе има следниот месец, кога треба да се објават резултатите од анкетата што се спроведува во рамките на овој проект, но Милица Срдановиќ, програмски координатор, вели дека е фрапантно сознанието од обуките дека граѓаните не се доволно информирани ни за тоа што е каматна стапка, што е кредит, што значи задолжување на пет, а што на 15 години.
– Проектот на Институтот Отворено општество се спроведува во 20 земји што се најпогодени во кризата. Идејата кај нас дојде од Хрватска, каде што веќе се отворени и неколку консултантски фирми што работат на советување на граѓаните за управување на финансиите. Прво почнавме со едукација на Ромите, а потоа, поради економската криза проектот го проширивме на целото население. Зачудувачки е тоа што и во првиот случај, кога работевме со лица со основно образование, и во вториот, кога опфативме и граѓани со завршен факултет, непознавањето на оваа проблематика беше на исто ниво, се поставуваа исти прашања – вели Срдановиќ и додава дека учесниците во обуката учат како да ги управуваат парите со кои располагаат, како паметно да се задолжуваат и како да излезат од кризни ситуации. Освен класичната обука проектот опфаќа и печатење прирачник за управување на личните финансии „Мои пари“, кој се дели бесплатно, и блог моипари.кауза.мк.
На обуките посетителите добиваат совети како да располагаат со парите што ги имаат, како да се соочат со итните трошоци, учат како да штедат, што е кредит, камата, банкарска провизија, депозит, што значи да се „заглави“ жирант, како да се контролира долгот, но и како да инвестираат преку инвестициски фондови.
Професорката од Економскиот институт Климентина Попоска, која е еден од предавачите, вели дека вакво неформално образование на нашите граѓани им е неопходно зашто дури ни факултетски образованите луѓе немаат доволни познавања, додека во САД, на пример, управувањето на личните финансии се учи уште во основните училишта. Таа објаснува дека за да работи успешно со своите пари секое семејство треба да си ги знае финансиските цели, да ги планира приходите и трошоците, да штеди, да има фонд за итни настани како што е ненадејна болест и слично, кој, по правило, треба да покрива шестмесечни трошоци на семејството, паметно да се задолжува, да знае како да отплатува кредит и кога ќе се најде во непредвидена ситуација, но да го има во предвид и тоа дека навидум ситните, неопходни трошоци се крадливци на пари.
– Во фокусот не е богатењето, туку ги учиме луѓето да ги искористат можностите што ги имаат. Кај нас, на пример и за едуцираните и за другите луѓе е заедничко тоа што кога земаат кредит го избираат тој со подолг рок на отплата и со помала рата, а не водат сметка дека во тој случај плаќаат повисока камата. Ние советуваме пред да се земе кредитот да се процени колкава рата може да се издржи и неколку месеци по ред толку пари да се тргаат на страна за да се види дали кредитот ќе може редовно да се отплатува. Кога се гради куќа, а приходите се намалуваат, треба да се изградат помалку простории, а не да се влегува во ново задолжување што не може да се врати. Кога примањата ќе станат недоволни за да се враќа кредитот треба да се побара дополнителна работа, нешто да се продаде или да се скратат трошоците – објаснува Попоска. Таа уште предочува дека граѓаните треба да знаат дека земањето кредит значи и дополнителни трошоци за провизии, ставање хипотека, за предвремена исплата, дека 10 проценти од приходите во семејството треба да бидат заштеда и тие пари да се тргнат на страна веднаш кога ќе се прими плата, да се има дневен план на трошоци и друго.
Организаторите на проектот велат дека граѓаните се многу заинтересирани да ги добијат овие совети за што сведочи огромната посетеност на работилниците. Интересот е толку зголемен што освен во Скопје, обуки ќе почнат да се вршат и во Велес.

пишува: Светлана Вукчевиќ – ВРЕМЕ  25.09.2010

Знам дека скоро на никој не му е до запишување на трошоците, но ситуацијата во последниве година и пол, веројатно и најголемите мрзеливци ги натера да ги стават работите на хартија и да почнат да водат евиденција за трошоците и за тоа каде им протекуваат парите. Еве неколку работи кои на мене ми го олесниа водењето на трошоците:

1. Запишувајте ги трошоците секој ден – тоа е најтежок, но и најдобар начин за пратење на трошоците.

2. Споредувајте ја завршната состојба на пари која ја имате во паричникот и на вашата сметка на крајот од претходниот ден со завршната состојба од денешниот ден. Разликата мора да биде еднаква на трошоците, ако не е, значи сте заборавиле нешто да запишете

3. Кога одам на пазар понесувам со мене некоја округла цифра на пр. 1000 денари, за да можам да израчунам колку сум потрошил. 1000 денари минус онолку колку што ми останало во џебот, значи разликата отишла за јадење. Претходно се обидував да памтам што колку чини, но нешто не ми идеше затоа што купував на неколку штанда и на крај се губев во пресметките

4. Секаде каде што можам да платам со картица јас тоа го правам. Подобро картица него готовина.
– како прво помалку трошам кога имам само картица. Купувам и тоа што не ми треба.
– како второ не сакам да имам многу пари во паричникот или постојано да барам банкомат,
– како трето мразам кога цената од 396,00 ми ја заокружуваат на 400,00 денари, а вака со картица си плаќам 396,00 и
– она најважното, ако ја изгубам сметката, трансакцијата секогаш останува запишана, па со интернет банкарство секогаш можам да си проверам на што и колку сум потрошил. Моја препорака е секогаш да ја користите картицата затоа што полесно ќе си ги пратите трошоците.

5. Факт е дека кредитните картички се опасни, затоа што така се насобираат големи цифри, особено ако земете нешто на неколку рати. Со нив треба да бидете многу претпазливи, ја своите трошоци си ги плаќам однапред (пред да доспеат). Засто тогаш користам кредитна наместо дебитна? Па затоа што сепак добивам 10-20 дена на време, додека да стигне платата. Верувајте ми, дека и над кредитната картичка можете да имате добра контрола, сепак најтешко е да се контролира готовината.

6. Отворете траен налог за плаќање на режиските трошоци, ако до сега не сте го направиле тоа. Добро е тоа што сега можете да правите се преку интернет банкарство. А кога сме веќе кај трајниот налог, можете да отворите еден и за штедење

Ако се сетам на уште нешто, ќе допишам. Имате некој совет?

Од 25.08.2010 Google стартуваше со нов сервис која на корисниците ќе им овозможи разговор преку телефон и и компјутер во целиот свет, што уште повеќе ќе ги наведе луѓето да се откажат од фиксната телефонија.
За користење на услугата потребно е да имате g-mail акаунт. Разговорите кон САД и Канада се бесплатни до крајот на годината ( ние се обидовме – фунцкионира! ), а за останатиот дел од светот потребно е да имате кредит, слично како во при—пејд телефонијата. Минимален износ кој треба да го поседувате е 10$, може да го платите и надополнувате со платежна картичка. Достапен е и тарифник во кој се прикажани цените за телфонски повик по минута. За илустрација повик кон фиксна телефонија во Србија преку овој сервис е 0,09$ или 4,3 ден, за Грција 0,02$ или скоро 1 денар, што е далеку поевтино од цените на македонските оператори за фиксна телфонија кои изнесуваат 13,9 и 10,6 ден респективно.

Минатата недела Македонија славеше 2 празника, денот на Уставноста и Бајрам Рамазан. Верувам дека многу сопственици, претприемачи не беа многу задоволни од 2 неработни дена во среднината на неделата, бидејќи ја прави неефикасна и непродуктивна целата работна недела. Од аспект на бизнис тоа значеше една седмица неработење – резултат на нашиот менталитет. Користа е на страната на работниците кои добиваат дополнителен одмор од напорните работни места. Државните институции, јавните претпријатија и големите комапнии се придржуваа на законот, но помалите фирми често ги кратеа празниците или воопшто немаа прекин на работата. Од Министерството за труд и социјала велат дека се свесни за оваа појава и затоа во текот на двата празнични дена беа излезени на терен и контролираа дали сопствениците се придржуваат на законските директиви. Законот јасно укажува дека работодавачот треба да направи реорганизација и дека на работникот му следува дневница и пол и две и пол дневници за работа на државен празник. Секако дека пак треба да се запази да не се надмине неделно предвидениот број на работни часови на работникот. Не постои можност работникот да добие дополнителен слободен ден или некаков друг надомест. Трудовата инспекција направила записници за фирмите кои ги има прочешлано во двата празнични денови. До 15-ти Октомври ќе се направи уште контрола за да се види дали работодавачите нависитна имаат исплатено две и пол дневници. Во спротивно казните се 15 илјади евра за правно лице и 7500 евра за директорот.

РАБОТИЛНИЦА

Објавено во: Uncategorized | 4 Коментари | Читања

(326)

Од 6-8 октомври во Велес, ФИООМ во соработка со Центарот за локален развој и демократија ФОКУС ќе организира работилница за финансиска писменост и управување со долг!


Ве молиме учеството на обуката да го пријавите пополнувајќи го ПРАШАЛНИКОТ

Цел на обуката е вработените учесници да се стекнат со основни знаења за управувањето со личните финансии, како и знаења за тоа како правилно да ги планираат трошоците и да управуваат со нив, односно како свесно да се заштитат од презадолженост.

Профил на учесниците:

Пожелно е учесниците да се во работен однос или да остваруваат приход по било каков основ(рента, хонорарна работа и сл.)

Ве молиме Вашето учество да го пријавите најдоцна до недела, 03.10.2010
Потврда за учеството на обуката и агендата ќе Ви бидат испратени по електронски пат по завршувањето на рокот за пријавување и селекција на кандидатите.

Обуката е бесплатна!

           Ако за паркирање потрошите една  цела просечна плата, вашиот автомобил во некој од централните скопски паркинзи би можел да остане 475 часа. Споредено со земјите во регионот најголеми издатоци за паркирање имаат жителите на Загреб, додека пак Црногорците имаат најевтин час за паркинг.

          Според истражувањето кое го направи белградската компанија Колиерс Интернешнл за една просечна плата во центрот на Љубљана може да се платат 940 паркинг – саати, а во Загреб е најскапо. Во центарот на главниот град на Хрватска еден час паркирање чини 1,5 евра и со една просечна плата може да паркирате само 490 часа. Слични на македонските се цените на паркиралиштта во Белград. Еден час за паркирање во некоја од градските гаражи во Белград  чини 80 евроценти и со една просечна плата возилото мже да остане 460 часа. Во земјите од регионот нјмали трошоци за паркинг имаат Црногорците. Во центарот на Подгорица еден час на некоја од градските гаражи изнесува 50 евроценти и со просечна плата, еден подгоричанец може своето возило да го паркира цели 950 часа. Цените пак во Белград се слични како во Македонија, но просечната плата кај нас е најмала во споредба со другите земји од регионот, иако таму просечната плата е повисока отколку кај нас. Но, иако цената по саат за паркинг во Љубљана е за 30 евроценти поголема отколку во Скопје, за Македонците паркирањето е значително поголем издаток отколку за жителите на Љубљана. Дури и во споредба со Загреб каде што паркингот за еден час е двојно поскап за разлика од некои од главните скопските гаражи, скопјани за паркирање побрзо би ја потрошиле својата просечна плата, за разлика од загрепчаните.

        Според ова истражување, паркингот во Скопје не е најевтин, споредено со земјите во регионот. На почетокот на минатата година, паркирањето во центарот на Скопје поскапе од 30-50%. Цената на паркингот во Скопје во последните неколку години континуирано се зголемува. Според последното поскапување на почетокот на минатата година за еден час во некои од паркинзите во строгиот центар на Скопје, возачите треба да платат 45 денари за да го остават своето возило. Објаснувањето од  ЈП Градски паркинг за повисоката цена на паркирањето има за цел да ги покрие трошоците на системот за зонско паркирање и да го регулира приливот на автомобили во строгиот центар на градот.

  • септември 2010
    П В С T П С С
    « Авг   Окт »
     12345
    6789101112
    13141516171819
    20212223242526
    27282930