Неверојатно е колку луѓе во последно време ми се жалат затоа што неможат да најдат “работа по струка”. Што уствари значи струка? Дека неколку години сте потрошиле на учење на некои работи и на тој начин сте се припремале за светот на возрасните? И тоа во периодот од 18-22та година од животот, кога немате поим од животот и најбитно ви е излегување и зезање. И што сега?  Треба ли да се жигосате за цел живот со вашата “струка”? Струка која сте ја одбрале случајно (или полунамерно) затоа што сите од вашето друштво се запишале на тој факултет или затоа што вашите родители ве натерале? Ма дајте ви се молам.
Баталете ја таа струка ако неможете со неа да најдете работа. Дали сте чуле за изразот доживотно учење? Ова го зборуваат веќе 20 години. Се работи за тоа дека вие постојано учите и освојувате нови знаења и вештини. Го нема тоа, завршив факултет и сега тоа е тоа.

Навистина се чудам што денес уште има луѓе кои мислат дека ќе завршат факултет, ќе се вработат “по струка” и потоа ќе ги фрлат книгите во ѓубре и никогаш повеќе нема ништо ново да научат затоа што ете сега имаат работа. По струка. Завршив факултет 1998 и тогаш веќе беше јасно дека така не оди (најверојатно и од поодамна само што јас неможам со сигурност да тврдам затоа што тогаш јас не сум бил во тоа).

И баш поради тоа “цмиздрење” на младиве а и на оние постарите јас сум изнервиран затоа што не сваќам како они не сваќаат. Или можеби јас не сваќам дека струката е “Господи дека ако тоа и тоа си завршил, има тоа и да го работиш до крајот на животот? Или уште подобро: ДРЖАВАТА би требало да ти осигура тебе кој си завршил медицина да те вработи и да ти обезбеди висока и редовна плата (со извинување до медицинарите, сепак морав некој да го напишам)

Има луѓе кои се навистина заљубени во историјата и сакале тоа да студираат. Но не размислувале што би работеле потоа. Еве и јас сакав психологија (и уште ја сакам) но кога сватив дека по завршување на факултетот јас би можел да работам само како професор во средно школо, веднаш ја отргнав таа идеа од глава. Тогаш немаше голема побарувачка за психолози, а денес како психолог можете да работите секаде, а можете и да “цмиздрите” за тоа дека не се наоѓа работа. По струка.

Имате 2 опции:
1) променете ја струката, не е тоа нешто изрезбано во ѕидот за цел живот. Жал ви е за изгубеното време? Баш тоа сакате да работите? Пораснете и најдете си хоби. Повеќе време сте изгубиле покрај телевизорот или во играње игрици на компјутерот па никому ништо.

2) терајте си по струката (на хартија), но образувајте се и за работите кои се и те како потребни. На пример некоја работа за која некои луѓе плаќаат други луѓе за да ја работат, и плус и добро плаќаат. Меѓутоа јас не ви зборувам да не си го следите срцето и да се продавате за пари. Баш напротив. Работете го она што го сакате, но нека биде добро платена работа. Или во крајна линија почнете со некој бизнис по ваша струка. Глупаво е сите да се запишуваат за програмери затоа што тие биле добро платени, Bullshit. Има програмери кои немаат за живот исто како и професори по историја. Никогаш немало, а нема ни да има за сите работа по струка.

Која опција и да ја изберете: вложете во себе. Учете, образувајте се на различни теми, читајте книги, сурфајте на интернет, истражувајте. Денеска има толку многу начини за заработка, па дури е и едноставно глупо да не се искористи тоа. Само немојте да плачете за работа “по струка” затоа што ке работите 3-4 различни работи пред да стигнете до заслужена пензија, а можеби и повеќе. Јас до сега сум променил 4 и планирам барем уште толку да променам

Најдете си работа која сакате да ја работите (и која е добро платена). Најлеснои е тоа да го направите така што ќе се понудите да волонтирате (бесплатна работа) во некоја фирма. Научете ја работата, стекнете искуство во тоа што сакате да го работите и тоа е тоа.

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Еден коментар на ““Работа по струка” – малку потешко”

  1. jocotoo on септември 29th, 2010 18:39

    Апсолутно! Само има проблем цмиздрењето е научено и тоа долго време едно 8 год основно, 4 години средно, и 4 години факултет.Тоа се многу години поминати во всадување на mindset-от со карактеристиките опишани како негативни симптоми и навики погоре во текстот. Јас сум заинтересиран за чаре? Ок е да се даде насока ама мислам дека фали мн повеќе од тоа. Прв пат на блогот, дефинитивно follower. Keep it coming! Секое добро! Јоцо Тодоровски (твитер @jocotoo, FB Јоцо Тодоровски).

Одговори




  • септември 2010
    П В С T П С С
    « Авг   Окт »
     12345
    6789101112
    13141516171819
    20212223242526
    27282930