Мислите дека седумте библијски смртни гревови неможат да се поврзат со трошењето и начинот на кој што се однесуваме со парите? Сега ке ви покажеме дека може. Подгответе се за потрошувачко каење 🙂

 
1) Гордост

Лесно е да се претставуваме себеси како поголеми и побогати од тоа што навистина сме. Добар пример за тоа е поголемиот дел од нашата естрада која на своите концерти  (повеќето од нив не стигнале ни да одржат) не продаваат ни по 5 карти, но затоа по ТВ и весници се облечени во најновите парчиња од GUCCI кои сеуште ги нема ни по полиците на продавниците. Несмееме да ги заборавиме и “газдите” кои трчаат да го купат најновиот Mercedes, за потоа на бензиска да ги видиме како ставаат гориво за 100 денари или пак бегаат без да платат. Во исто време слушаме како истите тие се тужени за неплаќање на алиментација и сл.
Овие примери се однесуваат на “must-have” дизајнерска облека,  и други некои “fashion” фазони… И сето тоа само за да бидат видени. Немојте да одите како бесплатна реклама и недозволувајте вашето его да ги премине вашите финансиски способности.

2) Завист

Конкуренцијата е корисна и добра работа, но не кога ке премине во опсесија. Да, онаа нова спортска кола на вашиот сосед изгледа супер, но тоа не значи дека вие треба да имате уште подобра. Поготово ако сеуште го отплаќате стариот караван кој сте го купиле пред 5 години. Бидете благодарен што го имате и тој караван и запаметете – колата не го прави човекот 

3) Неумереност

Дали можете во својот ормар да најдете облека која никогаш не сте ја носеле или пак облека на која сеуште и стои етикета со цената? Дали во продавница често имате нагон да купите нешто за кое знаете дека не ви треба? Неумереноста во купувањето многу брзо ќе го истенчи вашиот новчаник. Ако имате едни црни рамни сандали, не ви требаат исти такви и во бела боја. Купувајте парчиња кои можат да се комбинираат на повеќе начини. Истото тоа се однесува и за храната, пијалокот и сл.  

4) Страст

Ок, знам. Сите барем еднаш во животот сме се нашле во ситуација: “очи во очи со некое јако парче облека”. Иако најверојатно ви е непотребна (јас имам 10 пара патики), вие сепак ја сакате. Советот е – отидете дома, преспијте и ако тоа е нешто што навистина го сакате – купете го. Понекогаш е добро да се удоволиш себеси – но сепак да не се претерува, затоа што во спротивно буџетот ќе ви се скрати и тоа ќе доведе  до контраефект.

5) Бес

Дали вашите потрошувачки навики се диктирани од расположението во дадениот момент? Бес, стрес и другите негативни емоции често не тераат да потрошиме пари на нешто непотребно. Тоа на крајот доведува до додатни исцрпувања, како на телото, така и на духот и новчаникот. Затоа, ако веќе трошите пари, трошете ги за нешто што ќе направи да се чувствувате подобро како на пример: уплатите во теретана, излезете со пријателите. Нормално ако на крајот ви остане нешто ситно.. 🙂

6) Алчност

Нормално дека не е тешко  да се оправдате самите кога ќе си го потрошите делот од платата кој ви останал, наместо да сте, на пример, заштедиле. Сепак тоа се вашите тешко заработени пари – зашто да не си купите нешто што сакате? За жал, вистината е потполно различна – за не-штедењето нема оправдување.Штедењетоо е едно од најважните правила на финасиите. Доколку сте неспособни сами да си ги задржите парите во вашиот новчаник, предлагам во банка да си потпишете траен налог со кој секој месец од платата една одредена сума ќе ви се префрла на штедната сметка. Да, можеби звучи досадно, но кога ќе ви затребаат пари, нема да ви се вртат црни мисли во глава, баш спротивно, ќе си имате пари за тоа што ви треба.

7) Мрзеливост

Кога последен пат сте побарале извод на сметка од банка? Мрзеливи сте? Или едноставно се плашите од вистината? Верувајте, каква и да е , подобро е сега да се соочите со неа, отколку покасно да жалите. Со тоа што ќе си ја знаете состојбата на вашата сметка,  избегнувате разни превари и манипулации кои редовно им се случуваат на “мрзеливците”. Ајде сега право на банкомат и стискајте го копчето ”проверка на состојба”.

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори




  • октомври 2010
    П В С T П С С
    « Сеп   Ное »
     123
    45678910
    11121314151617
    18192021222324
    25262728293031