Приносите на инвестициските фондови во Македонија годинава се движат од -18% до +6%. Од шест отворени инвестициски фондови во Македонија, само два годинава со позитивни приноси. Аналитичарите велат дека, сепак, инвестирањето во фондови е на долг рок.

ОСТВАРЕНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ

ПРИНОС НА ФОНДОВИ

од 01.01.2010 до 03.10.2010

ПРИНОС НА ФОНДОВИ

за период од една година

Илирика ЈИЕ

-6,76%

-13,17%

Илирика ГРП

6,67%

7,71%

Иново Статус Акции

-17,81%

-27,16%

КД БРИК

7,82%

16,17%

КД Нова ЕУ

-5,73%

-19,88%

КБ Публикум балансиран

-3,13%

-3,21%

 

Ако на почетокот на оваа година сте вложиле пари во отворените инвестициски фондови во Македонија, тогаш просечната загуба би ви изнесувала околу 2,82%. Односно вложени 10.000 евра би ви изнесувале 9.718 евра. Се разбира дека ова се однесува само на пондерираните просечни приноси на сите фондови заедно. Односно, доколку на почетокот од годинавапарите сте ги вложиле во еден инвестициски фонд, тогаш, во зависност од фондот, денес би било можно да остварите или добивка поголема од 6% или загуба поголема од речиси 18%. Сепак, и покрај тоа, инвестициските советници кажуваат дека ваквите анализи треба да се земаат со резерва, бидејќи инвестициските фондови и понатаму остануваат место за остварување на солидни добивки доколку се инвестира на долг рок, со просечни годишни стапки на принос од 12% – 15%. Затоа, од инвестициските фондови им укажуваат на своите клиенти дека доколку инвестираат во нив, тоа треба да го прават долгорочно.

Во Мaкедонија првите инвестициски фондови се отворија пред само три години, што значи дека поголемиот дел од своето работење го остваруваат во услови на економска криза, кога пазарите на капитал паѓаа со големи стапки на глобално ниво, и тоа треба да се има предвид при анализата на нивните резултати. Исто така, кога се прават споредувања на приносите на фондовите, треба да се има предвид инвестициската стратегија на фондот и ризикот, односно дали е тоа акциски, обврзнички фонд и сл., а исто така да се има предвид и географската изложеност. На пример, апсолутните приноси на се споредливи за фонд што вложува во југоисточна Европа и фонд што вложува во азиските пазари, велат аналитичарите.

Еден од постарите фондови е оној на Иново Статус, кој со работење почна во текот на 2007 година, поради што и неговите резултати таа година се скромни. Имено, просечниот принос на фондот за 2007 година изнесуваше околу 1,49% додека, пак, во текот на 2008 година истиот е со негативен предзнак од 68,07%. Сепак, изминатата година приносот на овој фонд бележи раст и изнесува дури 23,02%, што би значело дека за толкав процент им се зголемил инвестираниот износ на оние инвеститори кои на почетокот од таа година вложиле средства во тој фонд. Исто така, фондот бележи и неколкукратно зголемување на вредноста на неговиот имот. Во 2008 година, во однос на 2007 година, истиот пораснал за 14,3%, во текот на 2009 година за 19,2%, додека во текот на оваа година истиот е речиси двојно поголем во однос на лани. Приносот, пак, на отворениот инвестициски фонд КД Нова Европа, кој почна со работа во текот на 2008 година, како КД Јужен Балкан, во текот на истата таа година изнесуваше околу 0,69%, за на крајот од 2009 годинаприносот на овој фонд да изнесува 32,97%. Воедно, и кај овој фонд бечежиме неколкукратен раст на нето-вредноста на неговиот имот во однос првата година од неговото оформување. Во 2009 година нето-вредноста на овој фонд во однос на 2008 година бележи раст од речиси пет и пол пати, додека годинава, во однос на лани,овој раст изнесува речиси четири и пол пати.

Солидни резултати во првата година од формирањето бележи и отворениот инвестициски фонд КД Публикум балансиран. Нето-вредноста на неговиот имот годинава, во однос на минатата, бележи раст од околу 23%. “Со оглед на тоа дека фондот почна да функционира на 23.06.2009 година, приносот сведен на годишно ниво изнесува 4,07%. Меѓутоа, треба дас е земе предвид фактот дека процесот на формирање на портфолиото на фондот траеше неколку месеци. Така што 2,58% е реално остварен принос од периодот септември – декември 2009 година”, изјавија од друштво за управување со ивестициски фондови КД Публикум Инвест.

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори




  • октомври 2010
    П В С T П С С
    « Сеп   Ное »
     123
    45678910
    11121314151617
    18192021222324
    25262728293031