Правило 72

Објавено во: Кредити | Коментирај | Читања

(332)

Правилото 72 претставува едноставен начин за пресметување на времето што е потребно за да се дуплира вашата инвестиција со зададена фиксна стапка на поврат или каматна стапка. Накратко, ако го поделите бројот 72 со годишната стапка на поврат или со каматната стапка, ќе добиете груба пресметка на времето што е потребно иницијалниот износ на вложувањето да се зголеми за 100%.

Пример:

Правилото 72 значи дека со каматна стапка од 10% се потребни 7,2 години (72/10) за 10.000 денари да се претворат во 20.000 денари. Во реалноста за тоа ќе бидат потребни 7,3 години (1.107,3 = 2).

Кога зборуваме за ниски стапки на поврат на средствата, правилото 72 е прилично точно, но ја губи довербата ако се зголемат стапките на поврат.

Нешто за Лизинг

Објавено во: Кредити | Коментирај | Читања

(272)

Лизингот првенствено е наменет за правните и физичките лица што обавуваат некоја слободна професија (адвокати, слободни уметници, итн.). Ако спаѓате во оваа категорија, верувам дека ќе најдете некои интересни предности за купување, на пример, нов автомобил токму со овој начин на финансирање.

   Има два основни вида на лизинг, а тоа се оперативен и финансиски лизинг. Кај оперативниот лизинг, основната смисла е користење на предметот на лизинг без стекнување на сопственост, враќање на предметот по договорениот период на користење и евентуално земање на нов. Доколку имате фабрика, месечната закупнина влегува во трошокот, а ДДВ во основицата пред одданочувањето.

   Во принцип кај оперативниот лизинг не можете да го откупите предметот на лизинг, па за негово користење морате да оставите одредена гаранција (најчесто 20%).

Кај финансискиот лизинг, целта е користење, но и стекнување на сопственост над предметот на лизинг. Во трошокот влегува само дел од отплатата (каматата), а ДДВ на каматата влегува во основицата пред одданочувањето. Со договорот за финансиски лизинг, во основа е предвиден и откуп на предметот на лизинг. Како и кај финансискиот лизинг, вообичаено е плаќање на аконтација во одреден процент од вредноста на предметот на лизинг.

Некои експерт за управување со личните финансии ги советуваат своите клиенти воопшто да не се задолжуваат, но тие најверојатно никогаш не се соочиле со перспективата да живеат со родителите до педесеттите или со можноста, секое утро во својата чаша во бањата да ги пронаоѓаат вилиците на еден од родителите на нивниот брачен другар.
Некои ситуации во животот едноставно нѐ соочуваат со потребата да подигнеме кредит или да се задолжиме на некој друг начин, но притоа треба да се разликуваат ситуациите во кои задолжувањето е неопходно, од ситуациите во кои не е потребно задолжување.
А откако ќе одговотиме на прашањето дали треба да се задолжиме или не, треба да видиме дали, без оглед на нашите потреби, можеме да си го дозволиме трошокот за отплата на кредитот и тоа секој месец, во текот на многу години.
Податоците од јануари 2010 година зборуваат дека граѓаните на Македонија вкупно должат 61.453 милиони денари, што значи дека секој жител должи по 29.800 денари. Во овој износ влегуваат задолжувањата за потрошувачки кредити, станбени кредити, автомобилски кредити, кредити преку кредитни картички, негативни салда на трансакционата сметка, други видови на кредити и пресметана камата. Кога оваа задолженост ќе се подели со бројот на вработени и невработени лица, тогаш износот е доста загрижувачки.
Всушност, некако ни се чини дека има нешто погрешно во размислувањата на луѓето во Република Македонија, кои се навикнале да плаќаат трошоци за повисок животен стандард преку задолжување во банките, преку кредитни картички, а во екстремни случаи и преку задолжување кај лихвари. Иако, некому ќе му изгледа дека е несериозно да се спомнуваат лихварите во статија за лични финансии, примерите од практиката, како и во случаите со кои се имам сретнато, говорат поинаку, па во понатамошниот текст ке посветиме неколку реда и на таа тема.

Што е тоа кредит?

Објавено во: Кредити | Коментирај | Читања

(984)

Кредитот е еден вид на долг. Како и сите должнички инструменти, долгот повлекува редистрибуција на финансиски средства со текот на времето. Кредитот претставува однос помеѓу давателот  на заемот и заемопримачот. Некои книги кажуваат дека постојат и кредити кои се даваат во вид на стоки, но најчест и на нас најмногу познат вид на кредит е оној изразен во пари каде што давателот на кредитот, некоја финансиска институтција (најчесто банка) му дава на користење определена сума на пари на корисникот на кредитот. Односот помеѓу двете страни продолжува со тоа што корисникот треба да ги врати парите заедно со каматата за користење на тие средства.

Без разлика на моменталните услови во банките за давање кредит, постојат неколку работи што се однесуваат на сите видови кредити, што е битно да ги знаете и да водите сметка за нив. За почеток да ја разбијам илузијата за брзо враќање на кредитот. Доколку сакате да земете станбен кредит на пример, и рокот на отплата е 20 години, вие навистина морате да бидете спремни дека ќе го враќате 25 години. Не би сакал да навлегувам во тоа што сè може да се случи доколку се случи да не го вратите кредитот. Веројатно знаете, во најмала рака ќе останете без станот за кој сте го земале кредитот.  Затоа не се занесувајте дека брзо ќе ги плаќате ануитетите. Единствено важно е да го планирате месечниот износ и согласно тоа да трошите. Кредитот најверојатно ќе го земете од некоја банка каде што веќе имате тековна сметка.

Неколку основни поими

Камата – износ на пари кои го плаќаме на банката како цена за користењето на парите што таа институција ни ги позајмила. Ова е всушност интересот на банката за давање кредит и тука треба да бидете особено претпазливи за износот на каматата, условите и роковите за плаќање. Имајте на ум дека банката секогаш ќе сака да се заштити и да придобие што е можно повеќе.

Каматна стапка – се изразува во проценти и и ни кажува колкава е цената на парите што сме ги земале на заем. Значи ако земеме краткорочен кредит од 10000 денари и камата од 10%, за една година (освен ако каматата не се однесува на друг период) треба да вратиме 10000 денари плус 10% од сумата, значи вкупно 11000 денари.  

Главница – износ на пари кои ни се дадени. Во нашиов случај главница ќе бидат оние 10000 денари.

Рата – често во говорот користиме „рата за кредит“ и притоа мислиме на износ кој го плаќаме месечно. Меѓутоа „рата“ е крива употреба на зборот затоа што се однесува само на главницата, не и на каматата.

Ануитет – е правилниот збор за отплата на износот на кредитот. Ануитетот е износ кој е сочинет од ратата за кредитот плус каматата.  

Амортизационен план – во амортизациониот план се искажани сите месечни плаќања по основ на кредитот заедно со каматата. Ова е важен документ затоа што ќе ви помогне да имате увид во месечните рати кои следат и со тоа да ги планирате трошоците.

  • ноември 2017
    П В С T П С С
    « Дек    
     12345
    6789101112
    13141516171819
    20212223242526
    27282930